Десетта година по ред Louis Vuitton е прогласен за највреден луксузен бренд во светот, додека титулата за највлијателен глобален бренд му припадна на Apple, зад кој се најдоа Google, Microsoft и IBM.
Резултатите и целосната листа беше објавена од страна на Millward Brown, компанија што се занимава со анализа на брендови.
Louis Vuitton по десетти пат успева да ги стави во сенка останатите големи имиња од луксузната индустрија како Hermès, Gucci и Chanel, кои ги заземаа второто, третото и четвртото место.
Целосната Annual Brandz Top 100 Most Valuable Global Brands листа можете да ја погледнете тука.