Отворено кино, билијард, игротеки, базен, бесплатни оброци, па дури и приватна плажа… сето ова за своите вработени го овозможи една британска фирма со седиште во Манчестер, пишува Mirror Online.
Rentalcars.com, компанија што се занимава со онлајн изнајмување на возила ги транформираше своите канцеларии во еден вид модерен забавен парк. Собите за состаноци наликуваат на игротеки, веднаш тука се и мини кината и внатрешните паркови каде вработени можат да се прошетаат и релаксираат.
На покривот се наоѓа плажа со панорамски поглед на градот и лежалки во разни бои. Секоја од собите за состаноци е со различен тематски изглед, а низ кацелариите се сместени повеќе од 90 телевизори со рамни екрани.
За да ги создадат можеби најкреативните канцеларии во Велика Британија дарежливите сопственици одвоија од својот џеб повеќе од 4 милиони долари.
Компанијата која е одговорна за повеќе од пет милиони изнајмени автомобили годишно, оваа година прославува 10-годишнина.