Адрис ја продаде Творница духана Ровињ за половина милијарда евра

52

tdr

Aдрис група во текот на викендот потпиша купопродажен договор со кој компанијата British American tobacco (BAT) ја презеде компанијата TDR – Творница духана Ровињ и останатите стратешки деловни единици на Адрис, пишува Пословни дневник.

Станува збор за трансакција во вредност од половина милијарда евра.

Купопродажниот договор, како што се наведува, го обврзува сопственикот да го задржи производството во Канфанар најмалку пет години од моментот на преземање и да обезбеди дополнителни 50 милиони евра, во случај на предвремено затворање на фабриката.

Конечната потврда на оваа купопродажба би требало да ја дадат акционерите на Адрис група, на собранието закажано за 14-ти јули оваа година.