Тајните и советите на успешните луѓе

26

uspeh-kluc-pixabay

Фото: Pixabay

Успешните луѓе се оптимисти, а оптимистите советуваат:

… како да ги контролирате емоциите:

Очекувајте секој ден да се случи нешто убаво.

Не си го трошете времето да смените нешто што не можете.

Концетрирајте се на работата во моментот, не на резултатите што треба да следат.

Одбегнувајте депресивни луѓе и разговори.

Бидете благодарни за секоја добра работа.

Запомнете дека најдоброто само што не се случило.

… како да се справите со стресот:

Ако сте преоптоварени, преговарајте за намалување на работата.

Не ја носете работата дома.

Избегнувајте луѓе кои не умеат (сакаат) да го контролираат својот стрес.

Најдете место каде ќе можете да работите сконцетрирано без некој да ве вознемирува.

Одбијте ги проектите што не сте во можност доследно да ги завршите.

Организирајте ги задачите една по друга, не прибегнувајте кон мултитаскинг.

… како да го елиминирате стравот:

Соочете се со стравовите однапред за да ја намалите нивната моќ.

Замислете како се справувате со стравот за да го направите помалку застрашувачки.

Запомнете дека стравот е само возбуда под маска.

Користете го стравот како извор на енергија што ви е потребна за поуспешна изведба.

… како да се справите со одбивањето:

Запомнете дека одбивањето е само различно мислење.

Да се биде одбиен боли, но само затоа што вие сте го дозволиле тоа.

Секое одбивање ве носи поблиску до вашата цел.

Чувајте ги другите можности како резерва, за да можете што побрзо да продолжите понатаму.

… како да се издигнете над неуспехот:

Креирајте цели што ве мотивираат да постигнете нешто возможно.

Целите секогаш нека ви бидат во пишана форма, онаму каде ќе можете да ги гледате.

Вклучете ги зборовите “морам…” или “ќе направам…” наместо колебливото “ќе се обидам…”

Поделете ги големите цели во мали, мерливи пресвртници.

Проверете дали се движите кон целите или сте скршнале во погрешна насока.

Не се плашете од неуспесите, тие ќе го прочистат вашиот план.

Запомнете, единствен неуспех е кога не превземате ништо.