Агенцијата за приватизација на Србија објави јавен повик за приватизација на 38 медиуми во земјата, пишува Танјуг.
Во огласот објавен во печатеното издание на дневниот весник Политика, како што се наведува, е објавен повик и за приватизација на Новинската агенција Танјуг.
На продажба се наоѓаат повеќе телевизиски и радио станици од повеќе српски градови.