Уметникот Мајкл Мандиберг отпечати неверојатни 7.473 книги и со тоа и даде една нова опиплива димензија на најголемата онлајн енциклопедија Википедија, пишува Дејли Мејл.
Со овој проект наречен From Aaaaa! To ZZZap! тој всушност сакаше да им покаже на луѓето како онлајн иформациите би изгледале во пишана форма, или како изгледа еден петабајт кој што е еднаков на еден милион гигабајти.
Колку за споредба еден гигабајт може да смести илјада книги.
За да го заврши проектот му требаа вкупно 25 дена. За својата инсталација уметникот отпечати 106 книги, а останатите ги нацрта на полици кои што моментално се изложени во Denny Gallery која што се наоѓа во Менхетен, Њујорк.
За да го изработи проектот Мандиберг дизајнираше софтвер што ја симна секоја страница од Википедија, а потоа уште една програма со цел да ги организира истите. Вкупната бројка на страници беше 11.594.743.
Колекцијата може да се купи за 500.000 долари.