Агенцијата за приватизација на Србија го продолжи рокот за собирање на понуди за приватизација на новинската агенција Танјуг до 11-ти август, пишува РТС.
Отворањето на понудите ќе биде на 13-ти август во просториите на тамошната Агенција за приватизација.
Агенцијата на крајот на јуни упати јавен повик за собирање на понуди за приватизација на новинската агенција Танјуг. Во огласот се наведува дека Република Србија продава 100% од уделот во сопственост на Танјуг, а според оценките на овластените проценители, вредноста на капиталот е 760.936 евра.