Bath °C thermo color map е рачна мапа која со помош на термохромични мастила и tyvek ткаенина реагира на различни температури и временски услови.
На мапата се прикажуваат рачно нацртани згради и туристички атракции, коишто покажуваат каде е најдобро да отидете според моменталните временски услови.
На пример, кога времето е топло на мапата во розова боја се прикажуваат реки и езера.
Таа е дизајнирана да може да се свитка во ролна кога не се употребува и без проблем може да ја собере во вашата чанта.
Мапата е водоотпорна и не се витка така што не мора да се грижите при транспортот. Изумот е дело на Камила Хемплмен и го прикажува нејзиниот роден град Бат во Англија.