Фото: Pexels
Секој сака да има добра реклама, реклама што ќе биде интересна, препознатлива, лесна за помнење и наменета за вистинските купувачи.
Но, како да ја создадеме вистинската реклама?
Следниве совети ќе ви помогнат во тоа.
Насочете ја рекламата кон вашата целна група
Рекламата треба да биде таргетирана кон вашата целна група на клиенти. Многу често рекламите се премногу општи и не го привлекуваат вниманието на потенцијалните купувачи. Рекламата треба да го зборува нивниот јазик и “лично” да им се обраќа.
Нагласете ја вашата конкурентска предност
Една од најважните работи во рекламирањето е да се нагласат добрите работи на компанијата, оние фактори кои ја носат вашата конкурентска предност. Има многу добро смислени реклами, но не успеваат да ги продадат добрите страни на производот или услугата.
Стремете се кон препознатливост
Користете фонт или боја коишто луѓето веќе ги препознаваат како ваш заштитен знак. Бидете конзистентни во рекламите, за корисниците да можат да увидат дека станува збор за вас уште пред да прочитаат.
За да заработите мора да потрошите
Постојат начини со кои можат да се заштедат пари, но рекламата не е еден од нив. Ако решите тука да ги намалите трошоците ќе згрешите. Успешната реклама може да ве чини малку повеќе, токму затоа што добро ја врши својата задача.
Рекламирајте се на вистинските места
Малку повеќе истражете го вашиот таргетиран пазар, кои се вашите потенцијални клиенти, што сакаат, што гледааат, читаат, слушаат… Потоа рекламирајте се во соодветниот медиум, онаму каде што знаете дека ќе допрете до нив.
Не се обидувајте да одговарате за сите
Не постои производ или услуга што ќе им се допадне на сите. Многу претприемачи, вклучуваќи и директори на корпорации, се обидуваат да се пробијат на сите пазари. Сепак, тоа ретко успева. За малите бизниси може да биде навистина лошо од проста причина што не можат истото да си го дозволат.
Прашувајте
Едноставно и навистина пожелно е да ги прашувате вашите нови клиенти од каде дознале за вас. Така ќе дознаете кои делови од рекламата се навистина ефикасни и кој медиум нуди најдобри рекламни можности за вашата компанија.