Агенцијата за туризам во јапонската префектура Хирошима дизајнираше таканаречен street view за мачки. На оваа интернет страница, се нуди поглед од перспектива на мачка во градот Ономичи.
Голем е бројот на продавници и ресторани во овој град коишто им посакуваат добредојде не само на гостите, туку и на нивните миленици – мачките.
На ова street view кога ќе наидете на мачка, може да прочитате нешто повеќе за истата, а движењето по уличките е дополнето со вообичаената врева и мјаукање од мачките.