Со своите 400 милиони корисници Instagram го надмина Twitter

38

InstagramInstagram регистрираше вкупно 400 милиони корисници со што официјално го надмина Twitter. Според Statista, Twitter има вкупно 316 милиони корисници, додека Facebook е сè уште на првото место со 1,5 милијарди корисници низ целиот свет, пишува CNBC.

На оваа социјална мрежа, што е во сопственост на Facebook, дневно споделуваат фотографии 80 милиони корисници.

Повеќе од половина од новите 100 милиони корисници се од Европа и Азија, додека најголем пораст на бројката е забележан во Бразил, Јапонија и Индонезија.

Овој месец Instagram претстави и план за проширување на понудата за огласувачите што отвора низа нови можности за глобален маркетинг, вклучувајќи и видео огласи со времетраење од 30 секунди.

Се проценува дека со новиот чекор во рекламирањето вредноста на социјалната мрежа ќе достигне 1,48 милијарди долари.