Како да бидете ефективни “вмрежувачи”

59

networking

Фото: Pixabay

Луѓето кои одлично се снаоѓаат на настани со вмрежување честопати имаат исти навики и сличен пристап.

Тоа им овозможува да уживаат за време на настанот, да остварат добри контакти и да си заминат со чувството на квалитетно потрошено време.

Еве како и вие да бидете одличен вмрежувач:

Истражете

Секогаш е добро да знаете кој сè ќе биде присутен на настанот. Можеби ќе имате можност да се сретнете со некој што долго време сте го “бркале”. Бидете доволно информирани за да можете без проблем да зборувате за актуелни теми, бизнис, спорт или нешто што секако ќе биде интересно за соговорникот. Разговорот треба да започне спонтано, природно, а не да биде форсиран само затоа што сте присутни на вмрежувањето.

Пристапете на правилното место

Разгледајте каде може вашето присуство да биде добродојдено и искористено. Не секогаш група од 3-5 луѓе што со внимание го водат разговорот е најдобра опција. Можеби решаваат некој проблем и нема да бидат во можност да примат некој нов соговорник.

Бидете од помош

Не гледајте цело време како да ги свртите работите во своја корист. Најпрво пристапете со споделување на информации што можат да им помогнат на останатите. Треба да умеете да дадете пред да земете.

Неизбежно ракување

Вие сте таму за да запознаете луѓе, да остварите контакти, да размените искуства што можат да помогнат, а не да го поминете целото време само со една личност или да се фрлите на храната и пиењето. Секако, можете да се послужите, но едната рака нека ви биде слободна за ракување.

Говор на тело и контакт со очи

Луѓето што се отворени за нови познанства можат да се препознаат и по говорот на телото, рамената исправени, рацете на двете страни и се вртат полека кон новите соговорници во знак на добредојде.

Квалитетот пред квантитетот

Подобро е да остварите неколку значајни разговори што можат да ви користат, отколку да го поминете времето во куси запознавања, само за да кажете дека сте се сретнале со сите на настанот.

Посветете се на соговорникот

Кога зборувате со некого, посветете му/и го вашето внимание во целост. Не е културно, ниту етички да го вртите погледот настрана во потрага по некој поинтересен.

Скромност и автентичност

Слободно покажете дека сте паметни и дека верувате во себе, но бидете истовремено оригинални и доволно скромни и дозволете им и на другите да кажат што имаат.

Зборувајте со оние што се на дистанца

Најчесто луѓето што стојат настрана и немаат доволно храброст да започнат разговор со задоволство ќе ве прифатат како соговорник. Не претпоставувајте дека тие што стојат на дистанца немаат ништо интересно да кажат и треба да ги заобиколите.