Пет најчести маркетинг грешки

62

marketing

Фото: Pexels

За да не бидете во онаа група на луѓе што постојано ги прават истите маркетинг грешки, еве што треба да избегнете ако сакате успешно да ја спроведете вашата кампања.

Не одговарате на прашања од клиентите

Брендовите постираат толку многу работи за нив, но некако забораваат да одговорат на прашањата и коментарите што луѓето ги прашуваат (постираат) со цел да добијат повеќе информации. Ако имате време да напишете нешто, тогаш имате време и да одговорите. Социјалните медиуми се создадени за комуникација. Вашата веб страна треба да е забавна, информативна и извор на инспирација со својата уникатност.

Купувате “следбеници” за да го зајакнете кредибилитетот

За да создадат слика на признати и познати, многу компании за одредена сума пари купуваат следбеници на социјалните мрежи. Но сепак тоа не е реалната слика, а голема е веројатноста истите да не спаѓаат во вашата целна група на клиенти. Што ќе се случи со вашиот кредибилитет кога ќе се дознае дека сте мамеле за да станете популарни? Ништо добро. Затоа градете ги вашите врски на искрена основа уште од почетокот.

 Чекате да станете вирални

Стартапите честопати не сфаќаат дека заинтересираноста треба да се заработи и дека има многу рекламирање дури и во најневините вирални видеа. Ако сакате вашиот пост да почне да “влече” публика, прво вложете напори луѓето да дознаат дека вашата содржина постои.

Барате ПР компанија за брза ефективна реклама

ПР компаниите се премногу скапи за поголемиот број од стартапите и најчесто не се добива тоа што било очекувано. Фокусирајте се на градење односи со индустриите каде вие придонесувате. Создадете вредност за заедницата. Специјализиран блог за одредена стопанска гранка (со бројка од 2.000 посетители) може да биде многу покорисен од популарна веб страна што сите ја знаат.

Се грижите премногу за имитаторите

Иако имитацијата е најголемата форма на ласкање, може да биде тешко да гледате како луѓето ја мешаат вредноста на вашиот бренд со нешто друго на пазарот. Верувајте им на вашите клиенти и на нивната поддршка и работете на тоа да бидете секогаш чекор напред.