Rekonect е името на првиот бележник со магнет што овозможува да се вадат страници и повторно да се ставаат според желбите и потребите на корисникот.
Дизајнерите на оваа креативна тетратка имаат намера истата да ги замени досегашните канцелариски фасцикли.
Rekonect има тврда корица направена од висококвалитетна, вештачка црна кожа што станува подобра како што одминува времето.
Секој бележник доаѓа со 120 страни квалитетна хартија, односно 60 листови, а штом заврши кампањата на Kickstarter, самите купувачи ќе избираат од четирите опции за хартијата на бележникот – линии, квадратчиња, точки или бели листови.
Ќе бидат додадени и дополнителни пакети хартија, односно 240 страни или 120 листови.