Pfizer сака да го преземе креаторот на ботоксот – Allergan за 160 милијарди долари

pfizer allergan

Американската фармацевтска компанија Pfizer најави дека планира да ја преземе фирмата што го создаде ботоксот, Allergan, за околу 160 милијарди долари, пишува Reuters.

Поради ова преземање, коешто ќе го создаде најголемиот светски производител на лекови, Pfizer ќе го префрли седиштето во Ирска. Преземањето на компанијата од Даблин, за Pfizer, според многумина, ќе значи дека компанијата се обидува да ги намали даноците, пишува CNN Money.

Се очекува договорот да биде заклучен во втората половина од 2016 година.