Хју Хефнер – омилениот плејбој милионер

125

gty_hugh_hefner_11_kb_141010_1Фокусирајте се на вашите цели и искористете ја модерната технологија. На пример, ако сакате да започнете со издаваштво, направете своја веб страна и почнете од таму.

Со првото Playboy списание во 1953, чија насловна ја красеше Мерлин Монро, Хју Хефнер успеа да постави нови стандарди и да направи револуција во забавната индрустрија за возрасни.

Следната година милионерот во свилени пижами ќе наполни 90 години и сè уште нема намера да застане. Најпознатиот плејбој во светот поседува мултимилионска компанија што вклучува неколку бизниси од кои водечки и мега популарен е магазинот Playboy, а неговото богатство се проценува на 50 милиони долари.

Playboy-Mansion (1)

Хју Марстон Хефнер е роден во Чикаго, Илиноис на 9-ти април 1926 година. Уште од рана возраст покажувал голема интелигенција, неговиот коефициент бил 152, но наставниците го опишувале како незаинтересирано момче.

Сепак Хеф имал добра замисла што подоцна ќе се покаже полн погодок. Во средношколските денови започнал да води училишен весник и тука почнува да го развива новинарскиот талент.

За време на Втората светска војна две години ѝ служел на армијата на САД. По војната се запишува на Институтот за уметности во Чикаго, а потоа го продолжува образованието на Универзитетот во Илиноис, каде во 1950 година дипломира психологија. Таму ја запознава својата прва жена Милдред Вилијамс.

huhefwilniheir_02

Неговото прво вработување беше во списанието Esquire кое третираше разни теми, од мода за мажи и извадоци од литературни дела на познати писатели (Хемингвеј и Фицџералд), до илустрации на пин-ап уметници. Хефнер работеше за Esquire како промотивен копирајтер сè до 1953, кога си замина затоа што не му одобрија зголемување на платата за пет долари.

Плејбојот не се откажа и реши да основа свое списание, слично на Esquire, но подобро. Тој успеа да собере 8.000 долари од 45 инвеститори, вклучувајќи и 1.000 долари од мајка му и го лансираше Playboy. Името на списанието дојде како предлог од пријател, а на Хеф му се допадна зошто според него истото рефлектираше софистицираност и живот на висока нога.

Првото списание беше испечатено во декември 1953 година, а Хју го креираше во својот стан во Хајд парк, Чикаго. Сепак, тоа немаше број од причина што Хефнер не беше сигурен дали ќе има и второ издание. Со разголена фотографија од Мерилин Монро, првиот Playboy се продаде во 50.000 примероци и веднаш стана сензација.

AI-Playboy-Kobo-First-Issue-60th-Anniversary-Magazine-Hugh-Hefner

На оние коишто првично го одбиваа списанието, мислејќи дека е само порнографија, Playboy набрзо им го докажа спротивното објавувајќи добро смислени статии и текстови со урбана содржина.

Логото на списанието, познатото дотерано зајаче, се појави веќе во второто издание и прерасна во препознатлив знак на целата Playboy индустрија. Хефнер имаше намера неговото списание да се разликува од тогашните пишани медиуми каде се ставаше акцент на машкоста, силата и физичката активност. Затоа содржините на Playboy беа посветени на интелигентниот маж, светскиот човек и неговата “девојка од соседството.”

Самата филозофија на списанието беше всушност ставот на Хефнер кон природата на мажите и жените кој повикуваше на слобода во изразувањето. Сепак, тој знаеше дека она што го продава Playboy се фотографиите од разголените убави жени.

Hefner_peak

Работата му одземаше многу време на Хефнер и неговиот брак со Милдред беше во криза. Во 1956 година Playboy го надмина конкурентскиот Esquire и се приближи до еден милион продадени копии месечно. Плејбојот си го заслужи епитетот со многуте афери надвор од бракот и во 1959 годинаа, откако станаа родители на две деца, Хефнер се разведе од првата сопруга.

Во шеесетите години, со својот уникатен стил – свилената кошула и лулето во рака, Хју Хефнер стана заштитно лице на Playboy. Се дружеше со познати и богати луѓе, секогаш беше опкружен со убави жени и стана гласноговорник за сексуалната револуција во шесеетите години на 20-от век.

item26.rendition.slideshowHorizontal.playboy-bunny-ss-27

Наскоро Хју прерасна во сопственик на многу приватни клубови каде можеше да се влезе само со покана. Угледните гости беа забавувани од хостесите – Playboy зајачиња препознатливи по нивната облека и зајачките уши. Во текот на следните години се градеа хотели, модни агенции, се снимаа филмови, се пишуваа книги и се отвори продуцентска куќа – сите во знакот на Playboy империјата.

Со седум милиони продадени копии месечно во 1972 година, списанието оствари профит од 12 милиони долари, рекордна бројка за тоа време. Хефнер го поминуваше времето во своите две големи куќи, во Чикаго и Лос Анџелес, а кога одеше на пат тоа го правеше со стил во својот приватен авион – Big Bunny. Авионот што чини 5,5 милиони долари е опремен со дневна соба, диско, кино, воден бар, спални соби за 16 гости и секако, кружен кревет за плејбојот.

Hefner Flies In

Неколку години подоцна Хефнер доби ѕвезда на улицата на славните во Холивуд. Беше еден од продуцентите на Магбет од Роман Полански и на првиот филм на Монти Пајтон. Во 1978 го започна Playboy Џез фестивалот, годишен настан каде настапуваа врвни музичари.

Откако преживеа мал мозочен удар во 1985 година, Хју се повлече од бурниот живот на холивудски плејбој и стави мала пауза на претприемачките подвизи. Се ожени со својата девојка Кимберли Конрад и некое време водеше мирен семеен живот. Од бракот ги доби двата сина Марстон и Купер, пред да се разведе во 1998.

Hugh-Hefner-and-wife-Kimberley-Conrad

Деведесетите беа во знакот на филантропски активности и граѓански проекти. Хефнер доби и многу награди за својот придонес во општеството и издавачката индрустрија. Во 2002 му беше доделена Хенри Џонсон наградата, највисоко признание што може еден издавач да го добие во САД.

Најголемиот дел од неговата филозофија се базира на идејата да не дозволиме соништата и целите да останат неостварени. Тој ги советува претприемачите и сите што имаат идеја за свој бизнис да не попуштаат под притисокот од општеството, кое вака или онака ќе се обиде да ги пренасочи вашите идеи.

hugh-hefner-600

“Фокусирајте се на вашите цели и искористете ја модерната технологија. На пример, ако сакате да започнете со издаваштво, направете своја веб страна и почнете од таму.”

На свои 86 години, на 31 декември 2012 година, Хју повторно се ожени за една од своите плејбој зајачици Кристал Харис која имаше само 26 години. И покрај неговите години, тој повторно го докажа статусот на софистициран плејбој, што му се насмевнува на животот до самиот крај.

Како Хју ги троши милионите месечнo?

Кирија (вклучувајќи намирници, материјали за куќни апарати, комунални услуги, мобилен телефон и е-маил) – 53.593 долари

Храна (приближно) – 18.000 долари

Забава – 25.000 долари

Трошоци за колеџ (за неговите деца) – 10.130 долари

Здравствена грижа – 3.215 долари