AccuWeather ќе посочува каде да се оди според временските услови

14

Веб страната AccuWeather, којашто нуди информации во врска со временската состојба, од сега ќе им посочува на корисниците каде е најдобро да отидат во согласно со временските услови.

За ова цел AccuWeather склучи партнерство со Foursquare, познатата апликација преку којашто корисниците ја споделуваат својата моменталната локација со пријателите од мобилната мрежа. Така, кога денот ќе биде сончев и топол веб страната ќе предложи одење на плажа или на базен, а доколку се очекува дожд ќе го посочи најблиското кафуле или ресторан, пишува Engadget.

Притоа AccuWeather ќе ја почитува приватноста на корисниците, па доколку не сакате споделување на локација, нотификациите можат да се исклучат. Истото ќе го прави и Foursquare на барање на корисникот.

Со ова ќе им биде дозволено на огласувачите на апликацијата да ги таргетираат корисниците според тоа каде сакаат да одат, со што AccuWeather ќе има и финансиска придобивка. На пример, ако корисникот често оди во сала за вежбање ќе му биде посочен ресторан којшто нуди здрава храна.

Фото: Foursquare