Американската фармацевтска компанија за производство на генерички лекови Actavis ја купува ирската Warner Chilcott за пет милијарди долари во замена за акции, без плаќање во готово, јавува The Wall Street Journal.
Акционерите на Warner Chilcott ќе добијат 0,16 акции на Actavis за секоја акција во Warner Chilcott.
Actavis ќе ја купи Warner Chilcott за пет милијарди долари, но оваа ирска компанија има долгови над три милијарди долари.
Според проценките на аналитичарите, комбинираната компанија ќе има годишни приходи од над 11 милијарди долари. Од Actavis велат дека Warner Chilcott ќе го зајакне нивното портфолио на лекови за женското здравје и за уролошки состојби, како и во делот на дерматологијата.
Минатата недела The Wall Street Journal пишуваше дека за купување на Actavis се заинтересирани компаниите Valeant и Mylan, а сега во игра е и швајцарскиот фармацевтски гигант Novartis.