АД ЕСМ произведе 18.398 MWh електрична енергија, од нив 330 MWh се продадени како ноќни вишоци

16

АД ЕСМ на 16.01.2023 година произведe 18.398 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 13.988 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.410 MWh.

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 MWh ноќни вишоци електрична енергија.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 16.01.2023 година.