Адидас најави паметен часовник за спортисти

26

adidas-smartwatchГерманската компанија Адидас го најави својот паметен часовник за спортисти кој ќе биде опремен со GPS и Bluetooth.

Часовникот miCoach Smart Run го најави потпретседателот на интерактивното одделение на Адидас, Пол Гаудио, на конференцијата GigaOM Mobilize во Сан Франциско

“Не се обидуваме да направиме најдобар паметен часовник, туку најдобар спортски часовник“, изјави Гаудио.

Часовникот на Адидас нема да се потпира на поврзаност со паметни телефони, туку ќе работи на сопствена флеш меморија, која ќе им овозможи на корисниците да слушаат музика преку Bluetooth слушалки.

Во часовникот е вграден сензор за следење на ритамот на срцето и е наменет првенствено за тркачите, џогерите и рекреативците. Продажбата ќе започне на 1 ноември, а цената е 399 долари. На кои пазари ќе биде достапен, се уште не е познато.

adidas