Адрис група и PZU со понуди за Кроација осигурување

57

Croatia osiguranjeХрватското министерство за финансии вчера објави дека добиле две обврзувачки понуди за купопродажба и докапитализација на Кроација осигурување и тоа од Адрис група од Ровињ и полскиот осигурувач PZU.

Хрватската влада во јули одлучи дека во Кроација осигурување ќе продаде дел од својот 80,2% сопственички удел, на начин на кој на државата во сопственост ќе и остане најмалку 25% плус една акција, односно најмногу 30% акции. За учество во приватизацијата на Кроација осигурување стигнаа 11 писма на интерес, но само три необврзувачки понуди – на Адрис група, словенечката Заваровалница Триглав и PZU. На седницата одржана на 10 октомври, Владата повика два понудувачи, Адрис група и PZU да достават обврзувачки понуди.

Во необврзувачката понуда, Адрис група за 43% од уделите понудила 104,5 милиони евра, односно 790,27 евра по акција и докапитализација од 130 милиони евра. Полски PZU за 50% удел понудил 142 милиони евра, што е 900,90 евра за акција и 50 милиони евра докапитализација.