Скопскиот аеродромот Александар Велики ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно. Оваа награда ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година.
Аеродромот год доби признанието врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.
На денешната прес-конференција главниот оперативен директор на Холдингот ТАВ аеродроми, Мурат Орнекол, истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што изјави, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.
Како што истакна Орнекол следна цел за годинава е бројот на патници преку Скопскиот аеродром, кој лани имаше 906.871, да достигне милион. Наградата Александар Велики ја доби во конкуренција од 275 аеродроми.