
Аеродромот во Цирих започна постепено воведување на нова генерација скенери, благодарение на кои патниците повеќе нема да мора да ги одделуваат течностите и електронските уреди од рачниот багаж за време на безбедносните проверки.
Новите 3Д скенери, кои можат да детектираат цврсти и течни експлозиви, ќе бидат целосно инсталирани на сите контролни пунктови до летото, соопшти аеродромската полиција, според „Свис Инфо“.
Првиот сет уреди ќе биде ставен во функција од понеделник на приземјето на терминалот.












