Аеродромот во Франкфурт бележи поголем број на патници во 2024 година

Аеродромот во Франкфурт забележа повеќе патници минатата година, но сè уште не ја достигнал бројката пред пандемијата од 2019 година.

Низ најголемиот германски аеродром минатата година поминале 61,6 милиони патници, 3,7 отсто повеќе од 2023 година, објави операторот Фрапорт, пренесува Мина.

Бројката е сепак помала од рекордната 2019 година, за 12,7 отсто.

Менаџментот ја нагласува силната побарувачка за дестинации во категоријата „средни дестинации“ и за дестинации со потопла клима, вклучувајќи ги Грција, Шпанија, Португалија и Италија.

Така, 14-те регионални аеродроми во Грција, со кои управува Фрапорт, минатата година забележале околу 36 милиони патници, 6,4 отсто повеќе од 2023 година.

Нагло се зголемил и сообраќајот на аеродромот во Анталија, Турција, за 6,5 отсто, со околу 38 милиони патници.

Воздушниот сообраќај пропадна во 2020 година поради ограничувањата за патување во пандемијата на коронавирус и сè уште не е целосно закрепнат во Германија.