Аеродромот во Истанбул е најпрометниот аеродром во Европа трета година по ред

Аеродромот во Истанбул ја задржа својата позиција како најпрометниот воздушен центар во Европа трета година по ред, со 1.401 лет во просек дневно во 2024 година, според податоците на Еуроконтрол.

Бројот на летови е зголемен за два отсто во однос на истиот период минатата година, јави Анадолу.

Амстердамскиот аеродром Шипхол е на второ место со 1.336 летови, додека лондонскиот Хитроу е трет со 1.302 лета во текот на денот.