Aгенцијата за туризам ќе промовира уникатни парчиња облека од модната куќа „Астибо Бејзик“

82

Директорот на Aгенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија, д-р Љупчо Јанески и сопственикот на модната куќа „Астибо Бејзик“, г-дин Александар Санев потпишаа Меморандум за соработка. Промоцијата на македонски производи и квалитетен македонски бренд од текстилната индустрија значи чекор напред во соработката на две стопански гранки кои имаат значаен импут во македонската економија.

За прв пат Агенцијата за туризам достојно во соработка со модната куќа „Астибо Бејзик“ ќе има можност за претставување на квалитететен македонски бренд на саемот “Wine vision by Open Balkan” во рамките на “Отворен Балкан”, кој ќе се одржи од 1ви до 4ти септември во Белград, Србија.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се одлучи за стандардизирана и модерна униформа која ќе биде дел од професионалниот идентитет. Во нашиот случај модниот бренд “Астибо Бејзик” во континуитет ќе биде заштитен знак на тимот од АППТ на регионални и светски саеми за туризам.

Службената облека со уникатен дизајн е потреба која ја наметнува самата професија, а воедно и можност за промовирање на модниот бренд преку носење на софистицирани и професионални конфекциски модели – изјави директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Вработените во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на меѓународните саеми за туризам ќе носат парчиња облека и додатоци кои вреднуваат квалитет и конзистентност преку препознатливиот дизајн на “Астибо Бејзик”. Квалитетните парчиња облека направени со прецизност на детали, носени од вработените на АППТ се прилагодeни да го привлекуваат вниманието на сите посетители на саемските манифестации.