Агенцијата за туризам заедно со туристичкиот сектор ги претставува македонските туристички потенцијали на саемот “EMITT 2024”

67

Во период од 6ти до 9ти февруари Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичкиот сектор ги претставува македонските туристички потенцијали на интернационалниот туристички саем “EMITT 2024” во Истанбул, Турција.

На нашиот штанд, туристички програми презентираат претставниците од приватниот сектор, Фибула, Бадем Тур и ДМЦ Балканс.

АППТ: Турскиот туристички пазар е несoмнено еден од најзначајните за Македонија. Интересот на турските туристи за македонските дестинации е со забележителен раст. Во 2023 година 21% од вкупниот број странски туристи биле гости од Турција, односно 189221 посети и 268974 ноќевања оствариле турските туристи.

Како една од петте најдобри туристички изложби ширум светот, ЕМИТТ годишно привлекува околу 40.000 индустриски професионалци и туристи од 100 земји, кои бараат нови и возбудливи можности за патување од дестинации и компании за туристички услуги од целиот свет. ЕМИТТ ги отвори своите врати по 27-ми пат и како водечка туристичка изложба во регионот ги претставува новите бизниси и можности за соработка на туристичката индустрија, придонесувајќи за раст на секторот.

Промоцијата на македонските туристички дестинации и туристички продукти е зајакната и со медиумска кампања, која континуирано ќе се реализира и оваа година во Турција.

“Целта на промотивните активности е да се придонесе кон поголема конкурентност и препознатливост на Република Северна Македонија како атрактивна туристичка дестинација, како и запознавање на светската јавност со тоа што не прави диверзивни, различни, а е отсликано преку природата, историјата, културата и гастрономијата. Трендовите налагаат развој на руралните подрачја и еко дестинациите. Следна активност на Агенцијата за туризам е зајакнување на човечките капацитети преку обуки за развој на одржливи форми на туризам и зајакнување на капацитетите за зелени дестинации и нивна сертификација” – изјави директорката на АППТ, м-р Јасмина Лескаровска.