
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“.
„Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно
отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид“, се наведува во соопштението од АХВ.
Цереулид е токсин произведен од одредени соеви на бактеријата Bacillus cereus, која е вид бактерија што најчесто се наоѓа во природната средина, вклучувајќи почва и прашина, кои можат да ја контаминираат храната како што се оризот, тестенините и млечните производи.













