
Српскиот министер за финансии, Синиша Мали изјави дека е завршен процесот на докапитализација на националната авиокомпанија, Air Serbia со што е направена промена на сопственичката структура. Сега Etihad поседува 18% од акциите, а преостанатите 82% се на државата.
Парите уплатени за докапитализација ќе бидат искористени за санирање на загубите што Air Serbia ги имаше во текот на пандемијата, но и за враќање на одредени долгови што компанијата ги имаше кон банкие.
“На вистински начин ја стабилизиравме нашата авиокомпанија, како и нејзиниот биланс на состојба, го зајакнавме учеството на земјата и вративме некои кредити и долгови што ги направи во текот на пандемијата“, вели Мали.
Фото: Facebook