Airbnb креираше канцеларии во Токио што нудат “домашна” работна средина

75

airbnb-tokyo-office_dezeen_3408_slideshow_2-1024x731

Веб страната за изнајмување на куќи и простории, Airbnb, за своите вработени во Токио создаде канцелариски простор базиран на традиционалните домови во метрополата за да можат работниците да се чувствуваат како дома, пишува Dezeen.

Ентериерот е дело на компанијата Suppose Design Office, а за да го постигнат посакуваниот ефект тие создадоа простории каде се инкорпорирани елементи од традиционалните јапонски соби за чај и други препознатливи елементи од нивната култура. Рецепцијата потсетува на надворешно кафуле, додека во работните простории целиот мебел е од дрво и оддаваат впечаток како да сте во некој парк.

За изгледот на главниот канцелариски простор, дизајнерскиот тим работеше заедно со вработените, со цел да создаде место што целосно ќе одговара на нивните потреби. Претходно канцелариите се состоеја од ограничен простор одделен со прегради, каде вработените се чувствуваа помалку заробени, а сега акцентот е ставен на отворена канцеларија, бироа со прилагодлива висина, приватни соби за разговори, места за одмор, кафетерии…

airbnb-tokyo-office_dezeen_3408_slideshow_0-1024x731airbnb-tokyo-office_dezeen_3408_slideshow_3-1024x731airbnb-tokyo-office_dezeen_3408_slideshow_4-1024x731airbnb-tokyo-office_dezeen_3408_slideshow_11-1024x731airbnb-tokyo-office_dezeen_3408_slideshow_8-1024x731