Airbus и Renault заедно ќе прават нови батерии за автомобили и авиони

40

Европскиот производител на авиони Airbus објави партнерство со францускиот производител на автомобили Renault за развој на нова генерација на електрични батерии за автомобили и авиони.

Инженерските тимови на двете компании ќе ги здружат силите за развој на технологии за складирање енергија, кои треба да им овозможат на електричните возила да патуваат подолги растојанија меѓу две полнења и со тоа да отстранат значителна пречка во нивниот развој, се вели во соопштението на Airbus.

„За прв пат, двајца големи европски играчи од различни сектори споделуваат инженерско знаење за да ја обликуваат иднината на хибридно-електричните авиони“, рече извршниот потпретседател за инженерство на Renault, Жил Ле Борњ.

„Воздухопловството е област со исклучително барања кога станува збор за безбедноста и потрошувачката на енергија, а истото важи и за автомобилската индустрија“, додаде Ле Борњ. Соработката меѓу двете компании ќе се фокусира на оптимизација на управувањето со енергијата и производство на малку полесни батерии, а тема на истражување ќе биде издржливоста на идните батерии и нивниот јаглероден отпечаток.