Airless Pen – пенкало со мастило кое не се суши

86

Старт-ап со седиште во Њупорт, Калифорнија дизајнираше мастило за пенкало што не се суши и со тоа ја елеминира потребата од капачиња.
Airless Pen има специјална силиконска заштита вградена во самото пенкало, којашто креира вакуум и спречува влегување на воздух во мастилото.Благодарение на неа мастилото не се суши и е долготрајно.
Постојаното вадење и ставање на капачиња може да иритира, а истите лесно со губат. Airless Pen го прави сето ова минато и значително ја олеснува работата на особено на креативците.
Освен тоа стартапот креираше пенкало и маркер што сами се бришат, па така заштедуваат труд и хартија. Пенкалата доаѓаат во различни комбинации, големини и пакувања според потребите на нарачателот.
Производот има кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 14.219, а првично биле побарани 10.000 долари. Кампањата трае уште 40 дена, а првите испораки се очекуваат во јануари 2019 година.