Акциите на Credit Suisse паднаа за 5 отсто во почетокот на тргувањето

55

Акциите на Credit Suisse паднаа за 5 отсто на почетокот на денешното тргување, откако драстично пораснаа во четвртокот кога банката објави дека ќе позајми 50 милијарди швајцарски франци (54 милијарди долари) од швајцарската централна банка.

Швајцарската централна банка, интервенирајќи во банкарскиот сектор, потврди дека „Credit Suisse“ ги исполнува барањата за капитален кредит и ликвидност што се применуваат за „системски важните банки“.

Цените на акциите последователно скокнаа за повеќе од 18 отсто во четвртокот, имајќи предвид дека во средата беа на најниско ниво во историјата, пренесува Танјуг.

Фото: Facebook