Ако тимот не работи како што треба реагирајте веднаш

123

И најдобриот тим може понекогаш да изненади со лош перформанс. Причините можат да бидат различни, но она што е клучно е да се реагира што е можно побрзо. Според едно истражување на Gallup, од 7.500 вработени 23% велат дека постојано се под стрес, додека 44% се изјасниле дека понекогаш не можат да го издржат притисокот.

Што треба да направите кога продуктивноста опаѓа?

Објаснете како тоа влијае на тимот

Без разлика дали станува збор за еден човек од тимот или повеќе, вие како лидер треба да објасните како лошата продуктивност влијае на целокупната работа. Потоа, побарајте од нив да направат листа на којашто ќе ги запишат можните решенија за проблемот.

Натерајте ги да ја поправат грешката

Ако некој прилично продуктивен член од тимот направил грешка натерајте го сам/а да си ја поправи. Кажете го тоа директно, оној што сам ќе придонесе за одредена непродуктивност сам ќе треба да ја реши. Откако ситуацијата ќе се среди побарајте докази за да видите дека сè е во најдобар ред.

И да ја признаат

Понекогаш вработениот може и да не ја признае грешката, односно да обвинува друг или да измислува разни изговори. Можно е да се обиде да се извлече и на “стара слава“ односно минатите успеси. Ваше е да ги натерате да ги признаат своите грешки.

Предизвикајте ги

Ако сакате перформансот да се подобри, предизвикајте ги. Посочете им доколку се подобрат ги очекуваат поинакви задачи и секако подобри услови. Штом ќе бидат предизвикани и мотивирани, поголема е веројатноста дека ќе најдат начин да го подобрат својот перформанс.

Помогнете им

Доколку лошиот перформанс се должи на надворешни услови што самиот вработен не може да ги контролира, како болест и слично, обидете се да им помогнете. Можете да го поврзете вработениот со некој од тимот што најдобро ќе може да му се најде во тешка ситуација, некој што има поинаков пристап кон работата кога нештата не се како што треба.

Фото: Pixabay