
Емиратскиот бизнисмен Мохамед Алабар, основач и претседател на „Емар Пропертис“, за CNBC изјави дека нема загриженост во врска со пазарот на недвижности во Обединетите Арапски Емирати, и покрај актуелните регионални случувања.
Алабар изјави дека може да има мало заладување на пазарот, но дека не очекува големи нарушувања.
„Воопшто не сум загрижен. Растеме за 70%, 40%, 30% годишно и во оваа ситуација може да има мало забавување, но не гледам никакви проблеми. Исто така, запомнете дека нашиот бизнис со недвижности не се базира на банкарско задолжување, што е многу рестриктивно на овој пазар. Довербата на потрошувачите може малку да биде разнишана, но како што реков, политиките на оваа земја многу брзо ја враќаат таа доверба“, рече Алабар.
Зборувајќи понатаму за динамиката на капиталот и пазарот, Алабар рече дека инвеститорите со „вистински капитал“ всушност ќе ги удвојат своите инвестиции.











