Албанија ќе издава подземни тунели за одгледување печурки

44

Albania_bunkers

Албанија планира да издава дел од подземните тунели, што ги има од времето на комунизмот, за одгледување на печурки, пренесува Al Jazeera Balkans.

Пет тунели во должина од скоро 1.500 метри во близина на Тирана ќе бидат понудени на период од 20 години, а тендерот ќе биде распишан на 18-ти јануари.

Во текот на владеењето на комунистичкиот лидер Енвер Хоџа, Албанија беше една од најизолираните земји во светот и опседната од опасноста од напади од Западот.

Некои до тунелите и бункерите ќе бидат претворени во туристички атракции.