Албанскиот премиер вети 300.000 нови работни места

30

edi-rama-11Еди Рама, новоизбраниот албански премиер вети дека ќе ја направи земјата помалку зависна од паричните дознаки од дијаспората со тоа што ќе отвори 300.000 работни места.

Рама вчера официјално пред парламентот ја претстави својата политика, на почетокот на дводневната дебата на која треба да биде потврден составот на неговиот кабинет. Во една од точките владата на Рама се обврзува да отвори нови 300.000 работни места, од кои 40.000 во производната индустрија и уште 12.000 работни места поврзани со неа. Во морската индустрија ќе се отворат 15.000 работни места, 155.000 поврзани со земјоделство, 62.000 места за реформи и програмите за социјална помош, 11.000 во туризмот и 4.000 во секторот технологијата и информации.

Албанија веќе со децении се потпира на парите што ги испраќаат илјадниците мигранти кои живеат и работат во Италија и Грција, но економскиот раст почна да успорува поради кризата во овие две земји.