Ален Ришар – француски економски дипломат за Балканот

27

Alain RichardСоцијалистичкиот сенатор и поранешниот француски министер за одбрана Ален Ришар е именуван за претставник на министерот за надворешни работи Лорен Фабиус за поттикнување на економската размена меѓу Франција и земјите од Балканот, во рамките на економската дипломатија.

“На целиот Балкан, значи на подрачје од околу 25 милиони население и осум држави, потребна е позначајни економско присуство на Франција. Поради тоа од сенаторот Ален Ришар, кој многу добро го познава овој дел од светот, побарав отсега да биде мој претставник за тој регион”, појаснил за новинарите шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус, јавува АФП.

Ришар беше министер за одбрана во владата на Лионел Жоспен од јуни 1997 до мај 2002 година.