Алкалоид со добивка од 191.017.000 денари во првите три месеци

51

alkaloidФармацевтската компанија Алкалоид, во период од први јануари до 31-ви март, оствари нето добивка по оданочување во висина од 191.017.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран Биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од оваа година, вкупните приходи од продажба на компанијата беа на ниво од 1.881.124.000 денари, додека во истиот период лани тие беа 1.719.109.000 денари.

Од вкупните приходи, Алкалоид на домашниот пазар оствари 847.973.000 денари, додека на странскиот пазар тие беа во висина од 1.033.151.000 денари.

Во периодот од јануари до март оваа година, во Алкалоид се реализирани 24 нови вработувања.