Алкалоид со добивка од 286.997.000 денари во првото полугодие од 2014

46

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид оствари сеопфатна добивка во вредност од 286.997.000 денари во период од 01.01. до 30.06.2014 година, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се на ниво од 3.722.031.000 денари, додека во истиот период лани тие биле 3.419.096.000 денари. Од вкупните приходи, на домашен пазар се реализирани 1.613.532.000 денари, додека остатокот од 2.108.499.000 денари се остварени на странски пазар.

Бруто добивката на компанијата во првите шест месеци од оваа година е 1.766.383.000 денари, додека во истиот период лани истата била 1.699.263.000 денари. Сеопфатната добивка изнесува 286.997.000 денари, додека во истиот период лани истата била 275.606.000 денари.

Во периодот од јануари до јуни оваа година во Алкалоид се реализирани 43 нови вработувања во земјава.