Фото: Kickstarter
Alpha е првиот рачен часовник испечатен во 3D технологија што совршено одговора на сечиј зглоб. Секој Alpha часовник се креира специјално за купувачот, така што се скенира раката на клиентот преку 3D скенер, а потоа се прави часовник според специфичните димензии.
Тимот што стои зад Alpha, има седиште во Калифорнија и за негова изработка користи специјален софтвер наречен Synchronos. Откако ќе се изработи, часовникот се испорачува до адресата на клиентот. Уникатното парче доаѓа во различни бои и материјали како златна, оникс, розово злато, алуминиум, титаниум и други. Alpha го движи премиум швајцарски механизам, отпорен е на гребнатинки и удари, а може да издржи под вода до 10 метри длабочина.
Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега имаат собрано 1.975 долари, а потребни им се 100.000 долари. Кампањата трае уште 25 дена.