„Алта банка“ Белград го зголеми својот удел во „Алта банка“ Битола

 „Алта банка“ АД Белград ја зацврстува својата доминација во битолската „Алта банка“ (поранешна Стопанска банка Битола), откако се стекна со нови акции.

Според официјалното известување за ценовно чувствителна информација, објавено согласно правилата за котација, белградската банка купила нови 19.556 обични акции. Со оваа последна трансакција, вкупниот број на акции што ги поседува овој акционер се искачи на 364.731.

Со ова, „Алта банка“ АД Белград сега контролира високи 93,29% од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.