Амазон ќе инвестира четири милијарди долари во компанија за вештачка интелигенција

92

Американскиот онлајн шопинг гигант Amazon денеска објави дека ќе инвестира четири милијарди долари во компанијата за вештачка интелигенција (AI) Anthropic.

Како што објави CNBC, Amazon истовремено ќе преземе малцинска сопственост во компанијата.

Двете компании најавија дека ќе соработуваат стратешки за унапредување на генеративната вештачка интелигенција, а Anthropic ќе ја користи платформата AWS на Amazon како главен давател на облачни услуги.