Amazon нема да прифаќа плаќања со кредитна картичка Visa од Велика Британија

29

Американски Amazon планира следната година да престане да прифаќа плаќања направени со кредитни картички издадени во Велика Британија, пишува CNBC.

Онлајн малопродажниот гигант им кажа на некои клиенти дека од 19 јануари компанијата повеќе нема да прифаќа Visa кредитни картички издадени од Островот поради високите надоместоци што ги наплаќа компанијата за обработка на плаќања.

Претходно оваа година, Visa ги зголеми таксите за трговците на мало за обработка на дигитални трансакции во Британија откако земјата ја напушти Европската унија. Овој потег следи по слични акции од Mastercard, кој исто така ги зголеми своите такси.

На клиентите на Amazon им беше кажано дека сепак ќе можат да користат дебитни картички, вклучително и Visa и други компании како Mastercard и American Express. Корисниците се охрабруваат да го ажурираат стандардниот начин на плаќање пред да направат промени.

Visa соопшти дека е „многу разочарувачко што Amazon се заканува да го ограничи изборот на потрошувачите во иднина“.

„Британските купувачи можат да ги користат своите дебитни и кредитни картички на Amazon во Велика Британија денес и за време на празничната сезона“, рече портпаролот на Visa.

„Имаме долга врска со Amazon и продолжуваме да работиме на решение за нашите сопственици на картички да можат да ги користат претпочитаните Visa кредитни картички во Британија, без ограничувањата наметнати од Amazon да стапат на сила во јануари 2022 година.

Amazon ја критикува Visa за високите такси за картички.

„Цената за прифаќање плаќања со картички продолжува да биде пречка за бизнисите кои се стремат да им обезбедат најдобри цени на своите клиенти“, изјави портпаролот на компанијата за CNBC.

„Овие трошоци треба да се намалат со текот на времето благодарение на технолошкиот напредок, но наместо тоа тие остануваат високи, па дури и се зголемуваат“, додаде тој.