Amazon патентираше дрон што сам се уништува во итни случаеви

28

dron

Фото: Pexels

Компанијата Amazon патентираше дрон што се распаѓа во итни односно опасни ситуации. Станува збор за патент што се однесува на директна фрагментација (распарчување) на беспилотните летала во итни ситуации.

Во документите се наведува како “контролерот за фрагментација“ ј презема контролата во случај на катастрофален дефект како експлозија на батерии или нефункционалност на пропелерите. Компјутерот брзо ќе го анализира движењето на дронот, временските услови и околниот терен пред да се активира фрагментацијата, по што дронот ќе се распадне во воздух.

Ако има одреден дефект дронот секако ќе падне на земјата, но на овој начин тој ќе се сруши на “побезбеден“ начин бидејќи ќе се распадне на мали парчиња, пишува New Atlas.