Amazon подготвува безжични слушалки, слични на AirPods од ривалот Apple

17

Amazon,, во текот на втората половина од годинава се очекува да претстави нов производ на пазарот – безжични слушалки.

Ова е еден обид на продажниот гигант да се натпреварува со својот најголем ривал Apple, којшто веќе ги има популарните AirPods.

Новите слушалки ќе имаат вграден пристап до звучниот асистент Alexa и ќе можат да се “сместат“ во ушите без дополнителни прицврстувачи, пишува Bloomberg.

Со нивна помош, корисниците ќе можат да прават нарачки, да слушаат музика, временска прогноза и останати информации, а преку допир ќе се контролира телефонскиот повик и менувањето на песните.

Производот е еден од најважните проекти на Lab126, хардверската дивизија на Amazon.

Слушалките нема да имаат вградена мобилна конекција и ќе треба да се поврзат со телефон. Тоа значи соработка со Apple и Google, како што компанијата веќе прави за апликациите поврзани со Alexa.

Тие ќе бидат спакувани во футрола што ќе има функција и како полнач со стандарден USB кабел. Се очекува слушалките да “пристигнат“ во сива и црна боја.

Фото: Pixabay