Аmazon претстави робот за домаќинство што чини 1.000 долари

81

Аmazon лансираше нов робот за домаќинство, наречен Аstro, и е поддржан од технологијата на паметниот дом Аlexа.

Се состои од две тркала мал простор за складирање и екран. Доаѓа со пет вградени мотори, камери, сензори, а исто така има и перископска камера која може да се подигне над нивото на масата, што треба да помогне во поефективен надзор.

Oд компанијата велат дека може да се управува со него дури и кога не сте дома, да ги проверувате вашите миленици, членови на семејството или едноставно да се уверите дека сè е во ред дома. Исто така, може автоматски да патролира низ домот и да испрати известување до сопствениците на домот доколку открие нешто необично.

Роботот  првично ќе биде достапен само за ограничен број луѓе по цена од илјада долари, а потоа треба да стане достапен за секого.