American Express го прекинува работењето со руски банки

American Express се приклучи на растечката листа на големи финансиски институции кои ги прекинуваат врските со Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

„Од почетокот на оваа криза се придржувавме кон американските и меѓународните санкции, што резултираше со прекин на односите со банкарските партнери во Русија и ќе продолжиме да се придржуваме до сите релевантни закони како што се развива ситуацијата“, рече шефот на American Express, Стивен Скуери.

Претходно, Mastercard, Visa и BlackRock ги прекинаа своите активности. Оваа одлука дојде откако Западот одлучи да исклучи некои руски банки од SWIFT. Одлуката на American Express е една во низата која дополнително ќе влијае на руската економија.

Некои очекуваат дека поостри санкции ќе предизвикаат економски колапс на оваа земја.