Американците Рот и Шепли добитници на Нобелова награда за економија

117

Американците Елвин Рот и Лојд Шепли се добитниците на Нобеловата награда за економија, за теоријата на стабилна алокација и пракса на пазарниот дизајн.

Шведската Кралска академија на науките соопшти дека им доделува награда од 1,2 милиони долари за истражувањето како да се усогласат различни економски агенси, на пример ученици со училишта или донатори на органи со пациенти.

Елвин Рот (60) е професор на Харвард, а неодамна прифати нова позиција на Стенфорд. Лојд Шепли (89), математичар и економист, е почесен професор на калифорнискиот универзитет Лос Анџелес. Рот е познат по примена на теориите во пракса, додека Шепли повеќе е теоретичар.

Нобеловата награда за економија е воспоставена во 1968 година на предлог на Шведската народна банка и не е дел од првобитната група награди оставени во тестаментот на Алфред Нобел од 1895 година.

(BBC)