
Инфлацијата во САД во февруари падна повеќе од очекуваното на 2,8 отсто, што може да го отвори патот за порано намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД.
Според податоците на американското биро за статистика на трудот објавени во средата, годишниот индекс на потрошувачки цени бил понизок од јануарските 3 отсто, а прогнозите за 2,9 отсто, како што предвидоа економистите во анкетата на Ројтерс, пишува Фајненшл тајмс.
Базичната инфлација (без нестабилните цени на храната и енергијата) порасна за 3,1 отсто, исто така помалку од очекуваните 3,2 отсто.
Американската централна банка се соочува со комплексен предизвик, обидувајќи се да ја заузда инфлацијата без да предизвика рецесија, а во исто време растат стравувањата дека агресивната економска политика на американскиот претседател Доналд Трамп го забавува економскиот раст.
Деловниот сектор и финансиските пазари се вознемирени од хаотичното спроведување на царините на Трамп за најголемите трговски партнери на САД, обележани со ненадејни промени и ескалации.
Минатата недела, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел се обиде да ја смири загриженоста за американската економија, откако сите постизборни придобивки на S&P 500 беа избришани со разочарувачките податоци за работните места во февруари.